vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Професорка имала секс со ученик во тоалетот од авионот додека зааедно се враќале од училишна екскурзија

ECA

Професорка останала бремена откако имала секс со 16-годишен ученик во тоалет од авион додека зааедно се враќале од училишна екскурзија. Таа признала дека е бремена, но и дека ќе абортира.

29-годишната Ели Вилсон е обвинета за сексуално злоставување на малолетно момче на седиште во авион, по што го одвела во тоалетот каде што имале секс. Како што било откриено на судењето, таа подоцна му признала на тинејџерот дека е бремена и дека ќе абортира, а на 16-годишното момче „му било тешко да го разбере сето тоа“.

„Потоа тие заминале во паркот каде што тинејџерот ѝ купил цвеќе и чоколадо“, било откриено пред судот.

Сето ова било откриено откако другар на тинејџерот се обидел да ја уцени професорката за таа да има секс и со него. Професорката негирала четири обвиненија за сексуалниот однос кој го имала со момчето во август и септември 2015-та година.

Сексуалниот напад се случил за време на нивното враќање од екскурзијата во Африка, а тинејџерот пред судот детално раскажал како се случило тоа. Според неговите зборови и двајцата биле во алкохолизирана состојба кога професорката, која што инаку имала дечко, започнала да го бакнува.

„Таа ме бакнуваше во уста, бев шокиран. Имаше многу допирање, а таа ја спушти и раката во моите боксерици. Тогаш предложи да одиме во тоалетот. Таа замина таму, па ме повика внатре“, раскажа тинејџерот.

Професорката експресно добила отказ, а судењето продолжува.

Loading...

Related posts