ВЕСТИ СВЕТ

Проговорела тинејџерката од шокантната снимка на која паѓа од мост

ECA

На социјалните мрежи кружи видео од една девојка која е бутната од мост, иако признала дека се плаши да скокне. На видеото се гледа како 16-годишната Џордан Холгерсон стои на мостот, додека нејзините пријатели ја наговараат да скокне во водата иако таа кажала “не”.

Во еден момент, еден од групата ја прашал дали е спремна, по што нејзината пријателка ја турнала од мостот.

Холгерсон паднала од висина од 18 метри и се здобила со видливи повреди, пренесува “Daily Mail”.

Џордан истакнала дека изгубила свест додека била во воздух, но потоа била свесна кога паднала во водата. Таа, по инцидентот била итно пренесена во болница во Ванкувер. Нејзината мајка изјавила дека Џордан скршила пет ребра и дека има внатрешни повреди.

“Таа има среќа што не е парализирана или мртва. Има силни болки и многу е уморна. Среќни сме што ќе закрепне и што нема да има последици”.

Тинејџерката изјавила дека нејзината пријателка ѝ се извинила, но дека тоа не е доволно.

“Сега кога ќе размислам, можев да умрам. Можеше и полошо да заврши од ова”, додала Џордан.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts