vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Протестен марш до МВР во пет до 12

ECA

Во 5 до 12 часот, од Кампусот на бранителите, пред Собранието ќе започне протестен марш до МВР, поради, како што се наведува, „кршење на демократското право на Македонскиот народ и граѓаните, со рушење, од страна на полицијата (три пати по ред), на најавените народно-творечки барикади со блокади“.

Организатори на протестниот марш се Здружението на граѓани Граѓанска иницијатива за здраво, достоинствен и возвишено живеење „Преродба”, Движење Македонска Преродба, Движењето за цивилизациски вредности и други здруженија.

Тие од МВР бараат да не ги попречуваат народните собири, дебати, протести со барикади и блокади против договорот со Грција за промена на името, како и да им бидат вратени сите предмети кои што им биле одземени.

Со оглед на тоа дека се работи за мирољубив, достоинствен, народен цивилизиран собир, организаторите упатуваат апел до граѓаните своето народно, граѓанско и цивилизациско право да го изразат достоинствено, творечки, цивилизирано и секој граѓанин учесник во овој народен собир, кој е од негово и во негово име, да биде совесен, одговорен за себе и за другите.

Loading...

Related posts