vesti24.mk
СВЕТ

Првата дама на САД се појавила во потполно бело елегантно издание

ECA

Првата дама на САД повторно го покажала својот беспрекорен стил.

Меланија и Доналд Трамп вчера во Белата куќа го угостија францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит. Меланија, за ваквата пригода ја носела својата омилена бела боја и елегантниот аутфит го зачинила со голем шешир кој ѝ обезбедил изглед за паметење.

Првата дама носела ласкаво асиметрично сако со ремен на струкот, здолниште кое ја истакнувало нејзината тенка фигура и темносини високи потпетици. Креацијата е со потпис на Мајкл Корс, а темносините потпетици се дело на Кристијан Луботин.

Во бело била облечена и првата дама на Франција, која исто така е позната по беспрекорниот стил, но овој пат останала засенета од убавата Меланија.

Но, дури и одличниот стил на првата дама паднал во втор план поради неуспешниот обид на нејзиниот сопруг да ја фати за рака, на кој денеска се смее целиот свет.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts