СВЕТ

(ВИДЕО)Путин ја воодушеви цела Русија со потегот: Забележа како обезбедувањето турка воен ветеран, па веднаш…

ECA

Претседателот на Русија, Владимир Путин забележа како неговото обезбедување во еден момент турка воен ветеран кој што се движеше во негова близина, по што веднаш реагираше и му пријде на ветеранот.

На снимките може да се види како првиот човек на Руската Федерација се движи на Црвениот плоштад во Москва каде што положи цвеќе на споменикот на Незнаениот херој.

Во тој момент обезбедувањето започна да турка ветеран од Втората светска војна кој што се обидуваше да дојде до претседателот на Русија.

Путин го забележа сето тоа, му нареди на обезбедувањето да се тргне и му пријде на човекот, по што се поздрави со него и му предложи заедно да тргнат кон споменикот и да положат цвеќе.

Loading...

Related posts