vesti24.mk
СВЕТ

Путин и нуди на Бугарија 3 милијарди долари годишно – тројно повеќе од она што го добива од ЕУ!

ECA

Руската влада достави предлог-амандман до Државната Дума. Предлог законот се однесува на трговија со нафта и природни суровини и е во согласност со претседателот, стои во соопштението на веб-страницата на Кабинетот.

Главната и најинтересена промена е трансформацијата на “Газофлот” и неговата употреба во меѓународната државна политика, односно крупните намалувања на цените за нафтените деривати и природниот гас.

За потсетување “Газофлот” е договор со кој руската држава одобрува попуст или привилегира цената на природниот гас за пријателски земји и земји од Евроазиската унија. На пример, Белорусија и до неодамна Украина го купуваа рускиот гас по цена за 35% пониска од пазарната цена.

Во замена за тоа руската Црноморска флота ги користеше бесплатно воените бази во Крим. Според овој договор Москва имаше право да ги користи базите во Крим до 2042 година.

Ова решение за продажбата на евтин гас беше креирано исклучиво и единствено само за Белорусија и Украина со што се растеретија економиите на овие земји особено на Украина, а Виктор Јанукович во тоа време имаше направено добра пресметката и одби да се приклучи кон ЕУ по што следеа нередите во Киев и протестите на Маидан.

Неговата надеж беше да влезе во евроазиски сојуз со руските евтини суровини и Енерго-извори, а притоа дистрибуцијата кон Европа да поминува преку Украина што дополнително ќе ја зајакнеше Украинската економија

По смената на Јанукович, зпадното влијание ја принуди Украина да фати тврд курс кон Европа …Сега Украина на Русија и плаќа прескапи сметки за гас и нафта, а нејзината економија колабираше.

Сега Путин очигледно сака да ја претвори оваа преференцијална политика во сеопфатна и јасна и да биде како бенефит за секоја земја членка или кандидатски статус за влез во Евроазиската Унија.

Според новиот закон на руската влада, секоја земја од Евроазиски Унија како и земјите кои склучиле договор со Унијата или “кандидати” за членство во неа ќе добиваат 50% поевтин гас и нафта.

Ако законот биде усвоен од руската Дума, што е речиси сигурно со оглед на мнозинството од 70% пратеници од владејачката партија, тоа значи дека Бугарија би можела да заштедува околу 3 милијарди долари годишно од трошоци за руска нафта и гас.

Во моментов, за оваа намена, Бугарија троши околу 6 милијарди долари годишно.

Добивањето на статус на “кандидат” за член во евроазиски унија се уредува со декларација од точно 1 страница поднесена во седиштето на евроазискита економска унија во Москва.

Малкумина знаат дека апликацијата за членство во организацијата всушност не ги обврзува земјите да станат членки, а може и да се напушти статусот кандидат за членство во унијата.

Да не заборавиме дека станува збор за сумата од 3 милијарди долари годишно, што би си заштедила Бугарија како членови на евроазискита унија. Сума која далеку го надминува нето профитот од фондовите на ЕУ, која во моментот е под 1 милијарда евра и тоа ако ЕУ го исплатат во целост.

Дури и ако е прифатена целосната корист од фондовите на ЕУ, тоа е точно 3 пати помала од разликата во цената на скапиот гас и нафтата без попуст која Бугарија сега ја купува.

Воопшто да не напоменуваме дека фондовите на ЕУ се едвај до 2020 година, по што плаќањата кон сиромашна Бугарија запираат … а државата ќе биде остевена со минус салдо и на волјата на Бога.

Очигледно е дека власта во Русија го избрала вистинскиот момент за исклучително примамливиот предлог за регрутирање на нови потенцијални земји – членки во Евроазија унија.

Дали Бугарија ќе биде првата земја што ќе ја напушти ЕУ за пристапување кон евроазиската економска заедница, останува да видиме!

Кон овие поволности се стреми и источниот блок на Европа(Австрија, Чешка, Полска и Унгарија), особено Унгарија на чело со Орбан и Чешка со Бердих Земан кои постојано одржуваат силно пријателски односи со Путин.

Loading...

Related posts