СВЕТ

Путин наредил соборување патнички авион на која држава во 2014 година

ECA

Рускиот претседател Владимир Путин наредил да биде соборен патнички авион што наводно носел бомба чија цел било отворањето на Олимписките игри во очи во 2014 година.

Путин самиот го кажува ова во двочасовниот филм објавен онлајн, додавајќи дека му било кажано дека патничкиот авион од Украина кон Турција бил грабнат непосредно пред почетокот на ОИ.

Подоцна било откриено дека информацијата била лажна тревога и авионот не бил соборен.

Филмот беше објавен непосредно пред изборите што ќе се одржат на 18 март. Путин има седум противкандидати, но не се очекува некој од нив да добие поширока поддршка, а на неговиот главен ривал, опозицискиот лидер Алексеј Навални, му беше забрането да се кандидира.

„Ми рекоа: киднапиран е авион од Украина за Истанбул, грабнувачите бараат да слета во Сочи“, вели Путин во филмот.

Пилотите на авионот Boeing 737-800 на турската авиокомпанија „Пегасус ерлајнс“ кои летале од Харков кон Истанбул со 110  патници и членови на екипажот, рекле дека еден од патниците има бомба и им рекол да го свртат авионот кон Сочи, вели новинарот Андреј Кондрашов.

Во филмот, Путин вели дека од службата за безбедност му рекле дека итната постапка во таква ситуација е да се собори авионот.

„Им реков, постапете согласно планот“, вели Путин.

Рускиот претседател вели дека наредил авионот да биде соборен непосредно пред отворањето на ОИ во Сочи. Неколку минути подоцна добил уште еден повик дека било лажна тревога. Набрзо потоа Путин пристигнал во Сочи за свеченото отворање.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, ја потврди изјавата на Путин.

Првиот дел од документарецот „Путин“ беше објавен на социјалните мрежи, преку различни профили, вклучувајќи го оној на директорот на еден клучен државен медиум и новинар Дмитри Киселјов, како и преку канал на YouTube ориентиран кон Кремљ.

извор:кајгана.ком

Loading...

Related posts