Рама има пораки за тие што го блокираат Законот за албански јазик во Македонија

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека Албанија со внимание ги следи преговорите меѓу Грција и Македонија за прашањето за името на Македонија.

Овие преговори, според него, ќе го отворат патот на Македонија, за да се започне процесот на евро-атланска интеграција.

Оваа изјава, Рама ја даде за време на состанокот на парламентарната Група на Социјалистичката Партија, по враќањето од Економскиот Форум во Давос.

-Со многу внимание го следиме позитивниот развој на процесот на дијалог меѓу нашиот јужен сосед и Македонија. Посакуваме и се надеваме дека ова ќе овозможи финализирање на преговорите кои ќе и го отворат пат на Македонија, со едно договорено име да го започне прекинатиот процес на европска интеграција и целосна интеграција во НАТО, изјави Рама.

Зборувајќи за Законот за употреба за јазиците во Македонија, Рама изрази жалење за ставовите на претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов и кажа дека овој став нема да биде блокирачки.

-Во оваа точка сакам да додадам дека со многу внимание го следиме развојот на процесот за конечно официјализирање на албанскиот јазик во однос на законот кој помина во Парламентот на Македонија, изразувајќи жалење за ставот на претседателот, но став кој не беше ниту изненадување и верувам дека нема да биде блокирачки за еден историски процес како тој што се случува во Македонија, во визионерското и европско раководство на македонскиот премиер, Зоран Заев, рече Рама.