ЦРНА ХРОНИКА

Рекол нема што да пријави – на Табановце паднал со цел бункер дрога

ECA

Бугарски државјанин бил фатен со 20 килограми марихуана на граничниот премин Табановце. Се работи за Р.Б. возач на патничко моторно возило со бугарски регистарски таблици, кој кажал дека нема што да пријави на цариниците.

– „Меѓу предните седишта на возилото, под теписонот бил пронајден специјално направен бункер кој се простирал под патосот се до задните седишта. Во бункерот биле пронајдени вкупно 71 пакувања, наполнети со марихуана со тежина од околу 20 килограми. Марихуаната требало да  биде пренесена до нарко-пазарите во земјите од западна Европа.  Вредноста на запленетата наркотична дрога при продажба на големо би достигнала вредност од околу 40 илјади евра“, пишува во соопштението на Царинската управа.

Судијата на претходна постапка на осомничениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

извор:прес24.мк

 

Loading...

Related posts