АВТОМОБИЛИ

Рестилизираниот VW Passat пристигнува веќе оваа година

ECA

Актуелната генерација на автомобилот на Фолксваген за европскиот пазар се појави кон крајот на 2014-та година, па германскиот производител одлучи дека е време малк да ја освежи.

После неполни четири години на пазарот “Passat B8” ќе биде освежен со цел да продолжи успешно да се носи со конкуренцијата на европскиот пазар.

Дека редизајнираната верзија е подготвена, потврди и претседателот на Фолксваген, Херберт Диес за време на неговото редовно годишно обраќање до медиумите. Тој, меѓутоа е прецизираше кога „новиот“ Пасат ќе се најде во продажните салони ширум Стариот континент.

Актуелната осма генерација беше лансирана во ноември 2014-та година, а покрај лимузинската, во понудата се и караван и “Alltrack” верзија за „сите терени“. Во зависност од пазарот, моментално се достапни три турбо бензинци и три турбо дизелаши со распон на сила од 120 коњски сили (88 kW) во основната 1.6 TDI верзија, па до 280 коњски сили (206 kW) во најмоќниот модел со 2.0 TSI мотор.

На располагање исто така е и GTE хибридна верзија со 1.4-литарски бензинец искомбиниран со електромотор кој што развива сила од 116 коњски сили (85 kW).

Фолксваген Пасат инаку моментално е водечки автомобил во „Д“ сегментот по продажба во Европа со преку 180 илјади испорачани возила во 2017-та година, пред Шкода Суперб, Опел Инсигниа, Форд Мондео и Рено Талисман.

 

Loading...

Related posts