ТРАВЕЛ

Ресторан во Венеција на туристи им наплатил 1.100 евра за три стека и риба

ECA

Ресторан во Венеција кој измамил странски туристи е казнет со парична казна од 19.370 евра.

Вработени во ресторанот „Osteria da luca“ кој се наоѓа во близина на плоштадот Свети Марко неодамна наплатиле сметка од 1.100 евра за три стека, една пржена риба и една неминерална вода. Откако гостите го пријавиле инцидентот во полиција во Болоња, каде што студирале, градоначалникот Луиџи Бруњаро ветил дека ќе го истражи случајот.

Студентите докажале дека платиле преголема сметка со прикажување на променетиот износ на кредитната картичка и со приложување на отпечатената сметка.

Здружението на венецијанските хотелиери, кое изразило жалење за случајот тврдејќи дека казнетиот угостител сериозно го нарушил угледот на градот, им понудило на студентите бесплатно дводневно сместување во луксузен хотел.

извор:макфакс.ком.мк

Loading...

Related posts