vesti24.mk
ЗАБАВА

Режисерот на Титаник конечно откри зошто Роуз не ја подели вратата со Џек кога потона бродот

ECA
Режисерот на Титаник, Џејмс Камерон конечно откри зошто Роуз не ја подели вратата со која пловеше во океанот со Џек откако бродот потона.

Имено, обожавателите на овој филм со години се прашуваат зошто Џек не се качи на вратата на која се качи Роус и се спаси од смрзнувањето во ладниот океан.
Режисерот Џејмс Камерон во интервју за Vanity Fair му било поставено прашањето: Зошто Роуз не направи место на Џек на вратата? , на ова Камерон одговорил:

– Затоа што на 147. страница од сценариото пишува дека Џек умира. Многу едноставно.

Камерон смета дека е смешно што по 20 години подоцна уште се расправа за тоа дали Џек требаше да преживее.

– Филмот тогаш не би имал смисла. Да преживееше, крајот на филмот ќе немаше никакво значение. Филмот е за смртта и поделбата, мораше да умре, рекол тој.

Loading...

Related posts