СВЕТ

Ригорозни забрани: Казни за користење на телефон во автомобил дури и ако возилото е запрено

ECA

Француските власти воведуваат ригорозна забрана за употреба на мобилни телефони во автомобилите.

Новиот закон предвидува возачот да не смее да користи мобилен телефон, освен во случаи кога автомобилот е паркирaн на одредено паркинг место, а моторот на возилото исклучен.

Тоа значи дека оној кој управува со автомобилот нема да може да разговара, ако, на пример, застане со своето возило покрај пат кој не е предвиден за паркирање.

Властите со овој потег сакаат да го намалат бројот на жртви на патиштата како последица на користењето на телефон при возење, но и да го спречат запирањето на автомобили покрај патишта каде тоа не е дозволено.

Оние кои ќе ја прекршат забраната ќе бидат санкционирани со 135 евра и ќе добијат казнени поени.

Употребата на мобилни телефони дозволена е само во исклучителни околности, ако е во прашање итен случај, како сообраќајна незгода кога возачот е принуден да повика полиција или итна помош.

Во најновата анкета, 9 од 10 возачи во Франција признале дека користат мобилни додека возат, а само во 2015 година биле изречени околу 300.000 казни поради овој прекршок.

Loading...

Related posts