vesti24.mk
ЖИВОТ

Рис Витерспун има три нозе, а Опра Винфри три раце на новата насловна на „Vanity Fair“

ECA

Магазинот „Vanity Fair“ го објави т.н. „холивудски број“.

Од десно се Гал Гадот, Харисон Форд, Роберт де Ниро, а покрај него и главниот уредник на магазинот, Грејдон Картер.Од лево се Опра, Никол Кидман, Рис Витерспутн, Том Хенкс, Мајкл.Б.Џордан и Зендаја, додека централно се поставени Мајкл Шенон, Џесика Частеин и Клер Фој.

Освен насловната, во содржината има и посебен едиторијал, а зад нив се потпишува Ени Лебовиц.

И покрај тоа што ова е сериозен магазин, ги има најдобрите портрети, овој пат се најде на мета на јавноста поради пропустите што не би смееле да си ги дозволат.

Честопати кога се прават ваков тип на групни фотографии, ликовите се фотографираат поединечно, па потоа се “ставаат“ во композиција.

Доказ за тоа се и разлетаните коси на Гал Гадот и Џесика Частеин. Исто така, ако почнете детално да анализирате, ќе ви биде сомнително и потпирањето на Том Хенкс. Но, тоа и не е можеби толку голем проблем, ако се има предвид тоа дека Рис Витерспун изгледа како да има три нозе. Дури и самата актерка се пошегува на своја сметка.

Но, шегите не застанаа тука. Во едиторијалот постои фотографија на која Рис и Опра се прегрнати, а Опра изгледа како да има три раце.

После бурните реакции, се огласија и од магазинот: „Би биле среќни да ја имаме ексклузивата за трите нозе на Рис Витерспун, но сепак се работи само на поставата на фустанот“.

Без разлика на објаснувањето, ова секако ќе остави трага врз професионалноста и имиџот на магазинот.

Во продолжение ве потсетуваме како изгледаa насловните страни Холивуд бројот од 2010 до сега.

Vanity Fair Hollywood issue 2017

Vanity Fair Hollywood issue 2016 

Vanity Fair Hollywood issue 2015

Vanity Fair Hollywood issue 2014

Vanity Fair Hollywood issue 2013

Vanity Fair Hollywood issue 2012

Vanity Fair Hollywood issue 2011 

Vanity Fair Hollywood issue 2010

Loading...

Related posts