vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ ЦРНА ХРОНИКА

Родители ги заклучиле 3 годишните близнаци во дрвен сандак за да можат да одат на работа

ECA

3 годишни близнаци биле пронајдени во мал дрвен сандак, кој бил заклучен со синџири и катанци, додека нивните родители биле на работа. Полицијата ги затекнала во дрвена кутија “без играчки, душек или било каков комфорт”, пренесува news.sky.com.

Децата живеат во градот Апаресидинија во бразилската држава Еспирито Санто. Полицијата навела дека добила анонимна дојава дека децата биле заклучени во сандакот.

Децата очајнички се обидувале да излезат

Полицијата забележала дека неколку даски биле поместени, бидејќи веројатно децата очајнички се обидувале да излезат од сандакот. Децата биле оставени таму, додека и двајцата родители, мештани, биле уапсени под сомнение дека ги злоставувале децата.

Капетанот на полицијата рекол дека родителите се оправдале на следниот начин:

“Рекоа дека децата ги држеле во сандак за да можат да ги извршуваат своите обврски во куќата и во полето”. Но, просторот бил многу мал и бил поделен на два дела така што браќата не можеле ниту да се допираат. Без играчки, душек и било каков комфорт.

Родителите биле одведени во локалната станица каде дале изјави, а притоа биле пуштени. Полицијата навела дека близнаците немале никакви видливи знаци на насилство.

Loading...

Related posts