СПОРТ

Роналдo и Реал победија во Торино, Баерн го освои „Рамон Санчез Писхуан“

ECA

Фудбалерите на Реал Мадрид и Баерн Минхен направија голем исчекор кон полуфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва како гости славеа над Јувентус, односно Севилја.

Европскиот шампион Реал со убедливи 3-0 го нокаутираше Јувентус во Торино. Домаќините минаа полошо резултатски од што заслужија, но во фудбалот се бројат головите, а овој пат за тоа расположение беа „кралевите“. Главниот збор го имаше одново Кристијано Роналдо кој даде два гола со таа разлика што за вториот уште долго време ќе се зборува и ќе се врти низ телевизиските шпици.

Имено Португалецот во 64 минута го зголеми водството на својот тим со погодок со ножички на кој му аплаудираа дури и домашните навивачите. Освен тоа Кристијано стрелаше во 3 минута, а беше асистент на голот на Марсело во 72 минута.

Воедно треба да се истакне и дека домаќините мечот го завршија со 10 играчи, Дибала во 66 минута доби црвен или поточно втор жолт.

На средбата во Шпанија, Баерн со пресврт славеше со 2-1 над Севилја. Четата на Монтела поведе по половина час игра преку Сарабија, но германскиот шампион брзо го возврати ударот, па во 37 минута со автоголот на Навас израмни на 1-1.

Овој резултат беше активен на семафорот до 68 минута кога Алкантара се најде на вистинското место и ја спроведе топката во мрежата на андалузијците за голема победа пред реваншот на „Алијанц Арена“.

Loading...

Related posts