vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

СЈО бара притвор за Груевски, високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и …

ECA

СЈО бара притвор за Груевски, високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и Латас!

Специјалното јавно обвинителство бара притвор за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева одговарајќи на новинарски прашања, потврди дека се бара притвор за претседател на политичка партија зборувајќи за проширувањето на истрагата за случајот „Титаник“, јавува ТВ24.

Неофицијално, освен за Груевски притвор се бара и за поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протугер, за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Сите се обвинети во случајот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности.

Обвинителството побарало притвор за вкупно 18 лица, а меѓу нив е и уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ- Латас кој е обвинет во случајот „Тотал“.

Loading...

Related posts