vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

САД со тежок удар за Турција: Воведени се санкции против турски министри, Анкара се заканува со одмазда!

ECA

Од Белата куќа потврдија дека САД воведуваат санкции против двајца турски високи функционери поради случајот со американскиот пастор.

На мета на санкциите се најде турскиот министер за правосудство Абдулхамит Ѓул и министерот за внатрешни работи Сулејеман Сојлу, потврди портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс. До ескалацијата дојде откако Трамп испрати закана до Турција веднаш да го ослободат американскиот пастор Ендру Брунсон кој што се наоѓа во притвор во Турција и веднаш да биде вратен во САД.

Санкциите доаѓаат откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека „американските евангелистички и ционистички изјави се недозволиви“ и дека Турција нема да попушти под притисокот на САД.

Откако американските власти покажаа дека не се шегуваат и навистина воведоа санкции против турските министри, следуваше остра реакција од Анкара.

„Ја повикуваме американската администрација да ја повлече оваа погрешна одлука. Ова е непријателски став кон Турција“, стои во соопштението од кабинетот на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Сепак, турските власти не открија како планираат да им возвратат на Американците за санкциите против нивните министри.

Истовремено, турските медиуми откриваат дека во текот на вчерашниот ден, телефонски разговарале шефот на турската дипломатија Чавушоглу и американскиот државен секретар Мајк Помпео. Наводно телефонскиот разговор го иницирал Помпео, а други детали околу темата на разговорите засега нема.

Loading...

Related posts