БАЛКАН

Само два дена пред убиството на Оливер Ивановиќ, САД издале алармантно предупредување за Косово

ECA

Во соопштението на Стејт Департментот стои дека “политички мотивирано насилство се јавува ширум Косово”.

Американскиот Стејт Департмент ги предупредил своите државјани кои планираат да патуваат на Косово, да бидат дополнително внимателни поради тероризам.

Стејт Департментот го направил тоа само два дена пред политичарот Оливер Ивановиќ да биде застрелан пред канцеларијата на својата партија во Косовска Митровица, по што им подлегнал на повредите.

“Терористички групи продолжуваат да планираат можни напади на регионот на Балканот, вклучувајќи го и Косово”, стои во соопштението на Стејт Департментот, кое го пренела и американската амбасада во Приштина.

Како што пишува понатаму, “терористите може да нападнат со мало или никакво предупредување, целејќи на туристички локации, транспортни центри, трговски центри, објекти на локална управа, хотели, клубови, ресторани, цркви, паркови, главни спортски и културни настани, образовни установи, аеродроми и други јавни површини”.

Во соопштението на Стејт Департментот стои и дека “политички мотивирано насилство се јавува ширум Косово”.

Покрај тоа, Американците се предупредуваат да размислат два пати дали да патуваат на северот на Косово, поради, како што се наведува, “граѓански немири”.

“Тензиите меѓу заедниците на северот на Косово продолжуваат да поттикнуваат насилства, демонстрации и други видови на немири во Северна Митровица, Лепосавич, Забин Поток и Звечани”, наведува Стејт Департментот.

Како што се наведува понатаму, “иако неодамнешните немири биле политички мотивирани и во нив немало мешање на туристи или членови на меѓународната заедница, набљудувачиоте би можеле да бидат вклучени ако дојде до насилни инциденти”.

Во соопштението не се прецизира на кои “неодамнешни немири” се мисли.

Стејт Департментот и претходно издавал слични предупредувања за своите граѓани, а последен пат “безбедносна порака” била издадена во декември поради можни демонстрации во Приштина поради зголемувањето на цената на електричната енергија, потсетуваат приштинските медиуми.

Потсетуваме, лидерот на Граѓанската иницијатива “Слобода, Демократија, Правда”, Оливер Ивановиќ, им подлегнал на повредите, откако утрово бил застрелан во Косовска Митровица. Ивановиќ имал повеќе прострелни рани во горниот дел од телото, а лекарите се обиделе да го реанимираат, во што не успеале.

Медиумите пренесуваат дека дел од градот каде се случил нападот е блокиран од полициски сили.

Извор:вечер.мк

Loading...

Related posts