ТРАВЕЛ

Санторини : Остров на белата боја и најубавиот залез на сонцето

ECA

Санторини е веројатно најубавиот грчки остров, а  според многу посетители, дури и еден од најубавите острови на светот.

Овој остров има облик на полумесечина и припаѓа на групацијата Киклада во јужниот дел на Егејско море. Споменатиот облик се должи на силната вулканска ерупција поради која голем дел од западниот дел од островот исчезнал во морските длабочини. Од таа страна се наоѓа и неговиот главен град Фира.

Како прво нешто, можете да го посетите селцето Оиа кое се карактеризира со бели куќички со сини прозори. Сместено е на северозападната линија на вулканскиот кратер и тоа претставува лавиринт од тесни улички, реновирани куќички и мали плоштади. Тоа некогаш било рибарско место, но со тек на време станало туристички бисер.

Плажата Периса е една од најубавите плажи на Санторини, која се карактеризира со мек и ситен црн песок. На плажата се наоѓаат интересни и романтични ресторани, а таа е одалечена околу 30 минути од Фира и 45 минути од Оиа.

Заливот Амуди ќе ви понуди незаборавно чувство на скокање во морето од карпите и ќе ве врати во детството. Кристално бистрата вода ќе остане засекогаш во вашето сеќавање.

Магарињата на Санторини се неизоставен дел од локалната туристичка понуда, а посетителите можат да ги јаваат во старата улица во Фира.

Праисторискиот музеј во Тера  нуди голема понуда на древни артефакти откриени во текот на различни ископувања, а ошфаќа историја од касниот неолит.

Едно од најубавите доживувања е возењето со традиционален брод, а тоа воедно е и најдобриот начин да го истражите овој остров.

Залезот на сонцето е најубав на Санторини. Можете да го набљудувате од Оија. Токму ваквиот залез е причина зошто овој остров е толку романтичен. Делува дури и нереално и мислите дека сонувате.

извор:скопјеинфо

Loading...

Related posts