vesti24.mk
МАКЕДОНИЈА

Се нуди награда од 25 000 долари за информација за студентка од Македонија која исчезна во Холивуд САД

ECA

Околу две недели се трага по 25 годишната студентка од Македонија Адела Шабани која без трага изчезнала од својот дом. Американската полиција нуди 25 илјади долари за корисна информација која ќе помогне во истрагата.

Полициските записи говорат дека 25 годишната Адела исчезнала под сомнителни околности. Нејзините пријатели на почетокот мислеле дека е зафатена, но сомнежот се зголемил откако таа пропуштила важен час на Академијата за актерство на Стела Адлер. Тогаш го пријавиле исчезнувањето и почнале потрага.

„Таа е исчезната. Загрижен сум за неа.-Антоние Ескобар- пријател ја исчезнатата
Се обидуваме да ја најдеме. Делиме флаери со нејзина слика. Има руса коса и сини очи.- Ема Џои“ – пријателка на исчезнатата.

Сакаме да ја најдеме. Никој не е како неа.-Лисен Јовановски-пријател на исчезнатата
Последен пат е видена во близна на познатиот кинески театар во центарот на Холивуд, не многу далеку од местото каде што живеела. Пријателите изјавиле дека ја оставила вратата отклучена, што подразбира дека очекувала брзо да се врати.
Адела Шабани студирала во САД. Таа заминала на студии во Америка пред 2 години.Откако дознала, мајката на исчезнатата која живее во Македонија, веднаш отпатувала за Америка и ангажирала приватен детектив, со цел што побрзо да ја пронајде својата ќерка.

извор:24вести.мк

Loading...

Related posts