vesti24.mk
ЖИВОТЕН СТИЛ

Се омажи Рики Мартин (ФОТО)

ECA

Една година по свршувачката пејачот Рики Мартин и неговиот партнер Џуан Јосеф се венчаа во тајност.
– Во брак сум, а за неколку месеци подготвуваме голема прослава. Си се ветивме и потпишавме. Се чувствувам неверојатно. Не можам веќе да го претставувам како свршеник. Тој е мојот маж, рекол Рики за Е!Њуз.

Рики и Џан се во врска од 2016 година. На крајот на годината Рики го побара својот иден сопруг, со кого ги имаат близнаците Мате и Валентин. Рики и Џан планираат да го прошират семејството.

-Сакам уште четири близнаци. Сакам да имам големо семејство, но во моментов сме презафатени со работа и со организација на свадбата. Да завршиме со тоа, па ќе усвојуваме уште деца.

View this post on Instagram

#AllBlack #TimeisUP #GoldenGlobes

A post shared by Ricky (@ricky_martin) on

 

Loading...

Related posts