МОДА

Сега овие чевли се во мода

ECA
По модните доминации на белите чизми минатата сезона, на ред е еден многу попривлечен и поласкав тренд.

Бројните славни дами веќе ги носат новите хит чизми чиј главен адут е нивната боја. Станува збор за чизми до глужд во т.н. “nude” нијанса, односно боја на кожа која визуелно ги издолжува нозете и обезбедува доза на елеганција.

Една од пионерките на трендот е манекенката Џиџи Хадид која сама го дизајнирала својот модел во соработка со познатиот дизајнер на чевли, Стјуарт Вајцман.

На овој тренд се “навлекоа” и познатите сестри Кардашијан кои ја носат оваа ласкава нијанса на најдобар можен начин – од глава до пети.

Манекенката Хејли Болдвин го пренесе овој тренд и на црвениот тепих, а ретко кој модел на чевли може да изгледа волку добро во комбинација со мини фустан.

Дека навистина станува збор за моден хит, потврди и познатата актерка и трендсетерка Оливија Кулпо која е секогаш во чекор со најновите трендови.

Loading...

Related posts