vesti24.mk
ВЕСТИ

Села излегува од Владата, замениците министри од Алијансата си поднесоа оставки

ECA

Замениците министри од редовите на Алијанса на Албанците си поднесоа оставки.

Заменик министерот за надворешни работи, Арта Точи и заменик министерот за транспорт и врски, Ремзи Мемети си поднесоа оставки.

За Телма, лидерот на Алијансата, Зијадин Села ја потврди оваа информација и рече дека тие денеска или најдоцна утре ќе ги достават до Влада оставките во писмена форма.

Тој рече дека Алијансата ќе продолжи да делува од опозиција.

„Излегуваме од Владата бидејќи се наруши договорот што го имавме со Заев“, вели Села за Телма.

„Очигледно е дека ова се прави под притисок на Али Ахмети, кој што го воспоставува истиот принциоп на владеење и коалицирање како што беше и слулчајот кога беше премиер Никола Груевски.

Друга причина, според Села е и законот за јазиците, кој се уште не е донесен. „Ставен е на дневен ред на собраниска седница која ќе се одржи најдоцна на крајот на јануари,“ вели Села.

Loading...

Related posts