vesti24.mk
Uncategorized

СЕ ВЕАТ АЛБАНИЈА, НАТО, ЕУ: Села не сака македонско знаме на партиското седиште во Тетово (ФОТО)

ECA
Пред седиштето на партијата беше формиран кордон од млади лица, членови на Движењето за реформи – ДПА. Тие на себе носеа бели маички со ликот на Села

Без македонско знаме е седиштето на партијата на Зијадин Села, Движење за реформи – ДПА, во Тетово. Над влезот од зградата во која се наоѓа седиштето на оваа партија се вее знамето на Албанија, како и знамињата на САД и на ЕУ. Закачено е и нивното партиско знаме, но македонското никаде го нема.

Села денеска се појавува првпат во јавноста, откако на 27 април беше нападнат и претепан за време на нередите во Собранието. Тој после нападот, во кој се здоби со тешки телесни повреди, десетина дена помина во болница, по што беше пуштен на домашно лекување. Денешната прес-конференција е негово прво појавување во јавноста по немирите.

Пред седиштето на партијата беше формиран кордон од млади лица, членови на Движењето за реформи – ДПА. Тие на себе носеа бели маички со ликот на Села.

Лидерот на партијата Движење за реформи – ДПА, како и на коалицијата „Алијанса за Албанците“, Села, пред некое време даде изјава со која го негираше постоењето на македонската нација, што наиде на големи критики кај јавноста, а особено кај македонското население.

Села претендира неговата партија да добие министерско место во новата влада на мандатарот Зоран Заев. Преговорите за влада се во тек, а имиња и ресори уште не се споменуваат.

телеграф.мк

Loading...