vesti24.mk
БАЛКАН ВЕСТИ

СЕРГЕЈ СТАНИШЕВ БИЛ МАКЕДОНЕЦ, А НЕ БУГАРИН: Бугарскиот екс-премиер јавно призна дека е Македонец!

ECA

Сергеј Станишев, лидерот на Бугарската социјалистичка партија и поранешен бугарски премиер, на гостување во емисијата од забавен карактер „Оваа сабота“ даде сензационална изјава дека бил Македонец!

Станишев, кој е во вонбрачна врска со Моника Јосифова, инаку Македонка, бил запрашан од водителката на емисијата дали во неговата врска постои љубомора.

Тој одговорил:

„Тоа се знае само по себе бидејќи таа е Македонка“, по што брзо додал, „Па и јас сум Македонец“.

Разговорот бил воден во неговата семејна куќа, каде што живее со Моника, која неодамна му родила син, и со двете нејзини деца од претходниот брак, со бугарскиот банкар Венцислав Јосифов.

Бугарските интернет-медиуми ваквата изјава на Станишев ја оценија како сензационална.

Тој е поранешен премиер на Бугарија и уште оттогаш и во бугарската и во македонската јавност се шпекулира дека има македонско потекло

Ова го пренесува бугарскиот портал „Разкритија“.

Loading...

Related posts