СПОРТ

Серхио Рамос дојде на тренинг со „Фиќо“ и ги насмеа присутните во тренинг центарот

ECA

Капитенот на Реал Мадрид, ги изненади сите присутни пред тренинг-кампот на клубот кога пристигна со Seat 600, или кај нас многу попознато како „Фиќо“.

Сите играчи и локални жители беа изненадени кога Серхио Рамос, инаку висок и крупен човек, се појави во овој мал автомобил, возејќи го до тренинг-кампот на Реал Мадрид.

Овој автомобил Серхио Рамос го добил како роденденски подарок од неговиот брат, а со него се пофали и на социјалната мрежа Instagram.

„Подранет роденденски подарок, фала брат. Класичните автомобили никогаш не изумираат“, напиша Рамос на неговиот Instagram профил.

Роденденот на Серхио Рамос е на 30 март, а со оглед на тоа што Реал Мадрид го исфрли ПСЖ од осминафиналето од Лигата на шампионите пред неколку дена, Шпанецот беше видно расположен кога пристигна на тренинг.

Инаку, кај нас автомобилот е познат како „Фиќо“ и општо е познато дека во поранешна Југославија, тој беше произведуван под името Zastava 750. Ова е сепак модел кој му припаѓа на Fiat, а лиценцата за шпанскиот пазар ја поседуваше Seat, кој го произведуваше овој модел од 1957 до 1973 година под името Seat 600.

Loading...

Related posts