vesti24.mk
ЗАБАВА

Што да направите ако патувате во авион со бебе и има “опасност” тоа да почне да плаче

ECA

Ако имате мало бебе и патувате со авион, нема ништо пострашно од идејата дека во еден момент ќе му стане толку досадно, што ќе почне да вика и да плаче, а вие нема да можете ништо да направите за да го смирите. Не само што ќе се соочите со потенцијална можност за нерасположено бебе кое ќе плаче, туку ќе се соочувате со превртување на очите од останатите патници, што само ќе ја зголеми вашата нервоза.

Едно семејство од САД, соочувајќи се со ваква ситуација решило да постапи на сосема неочекуван начин кој вродил со плод. Имено, родителите патувале со близнаци кои се дупла ‘опасност’ во авинот. Ако едното почне да плаче, другото сигурно многу брзо ќе му се придружи.

Како гест за извинување, родителите однапред им делеле на патниците кеса со мали подароци за да се извинат доколку нивните деца почнат да плачат и го вознемируваат.Во кесата имало слатки, тампони за уши и порака со објаснување и извинување.

“Здраво! Нашите имиња се Ешли и Аби. Ние сме близначки кои само што наполнија 18 месеци и ова е прво наше патување со авион! Ние одиме за Флорида за да ги посетиме баба и дедо, а мама и тато спомнаа дека ќе има чоколаден мус во авионот како награда ако бидеме умни. Ќе се обидеме да останеме смирени, но во случај ако полудиме, ве снабдивме со тампони за уши и слатки бонбони како извинување. Ви благодариме за разбирањето и се надеваме дека ќе уживате во летот”.

Сладок гест на кој никој не останал рамнодушен. Ете уште една идеја како да избегнете непријатна ситуација, ако се најдете во истата.

hybread

Loading...

Related posts