ЖИВОТ

Синиша пронашол торба со 40.000 евра и ја вратил на сопственикот: А кога ќе слушнете каков подарок добил за возврат…

ECA
Синиша Дабич, вработен на аеродромот “Никола Тесла”, на паркингот пронашол торба со 40,000 евра и воопшто не се двоумел што да направи – веднаш ја повикал полицијата и парите ги вратил на сопственикот.

Како што објаснува, најпрво видел лаптоп и новчаник со пари, а кога сфатил дека некој ја изгубил торбата, веднаш ги повикал надлежните органи.

“Ја повикав полицијата да направи записник. Го запознав човекот, дојде по половина час, се изенанади кога ја виде торбата. Навистина беше среќен”.

“Работел во Норвешка и се вратил по неколку години, беше возбуден, ги извади парите, виде дека се е на место и ми даде 50 евра”.

“Јас не сакав да ги земам, но тој инсистираше. Потоа ги почестив колегите”, вели Синиша кој на аеродромот во Блеград работи 33 години.

Раководните лица на аеродромот викаат дека Синиша е раотник на кој се гордеат. Тие се уверени дека секој работник на аеродромот “Никола Тесла” би постапил на ист начин како и Синиша.

извор: маркукуле.мк

Loading...

Related posts