vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Синот на Осама Бин Ладен се подготвува за одмазда: Хамза Бин Ладен направил нешто поради што сите се плашат!

ECA

Хамза Бин Ладен, синот на убиениот поранешен лидер на Ал Каеда, Осама Бин Ладен, се оженил со ќерката на Мохамед Ата, главниот киднапер на авионите во терористичките напади на САД на 11-ти септември 2001-ва година.

Полубраќата на Хамза во интервју за британски „Гардијан“ ја потврдиле оваа информација. Ахмед и Хасан Ал Атас изјавиле дека веруваат дека Хамза Бин Ладен зазел висока позиција во Ал Каеда и има намера да се одмазди за смртта на неговиот татко кој што беше убиен во операција на американските елитни специјални единици во Пакистан.

Хамза е син на една од трите преживеани сопруги на Осама Бин Ладен, Хаира Сабар, која што живеела во комплексот Аботабад во близина на големата пакистанска воена база кога беше спроведена акцијата во која што беше ликвидиран Осама.

Од тогаш, Хамза често јавно се огласуваше повикувајќи ги поддржувачите да водат војна против Вашингтон, Лондон, Париз и Тел Авив. Се верува дека се наоѓа на местото на заменикот на сегашниот лидер на оваа терористичка организација, Ајман Ал Завахири.

„Слушнавме дека се оженил со ќерката на Мохамед Ата. Не сме сигурни каде се наоѓа сега, но би можел да биде во Авганистан“, изјави Ахмед Ал Атас.

Западните разузнавачки служби се повеќе се сконцентрирани на откривање на локацијата на Хамза во последните неколку години, затоа што го сметаат за еден од најуспешните регрутатори на нови членови на Ал Каеда. Неговиот брак со ќерката на Ата потврдува дека Ал Каида продолжува да функционира по патот на кој што ја водеше Осама Бин Ладен.

Вториот син на Осама, Халид беше убиен за време на американскиот упад на Аботабад. Третиот, Саад, загина во напад со дрон во Авганистан во 2009-та година. Врз основа на писмата на Осама Бин Ладен кои што биле запленети во комплексот, било заклучено дека тој го подготвувал Хамза да го наследи и да се одмазди за убиството на неговиот брат Саад.

„Кога помисливме дека се е готово, следното што го слушнав е дека Хамза се подготвува да го одмазди такото. Не сакам повторно да поминувам низ тоа“, раскажува Хасан Ал Атас, а од семејството тврдат дека не се слушаат со Хамза и не знаат како е тој.

„Кога Хамза сега би бил пред мене би му рекол – Размисли два пати за тоа што го правиш. Немој да го следиш патот на Осама“, додал Ал Атас.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts