БИЗНИС ЕКОНОМИЈА

Системот потфрла: Најбогатите 1% имаат 82% од светското богатство

ECA

Јазот меѓу супербогатите и остатокот од светот се продлабочил во 2017 година кога продолжил трендот на акумулирање на светското богатство во рацете на едно многу мало малцинство богаташи, тврди Oxfam.

Околу 82% од парите во 2017 година отишле кај најбогатите 1% од светската популација, додека кај најсиромашните немало никаков раст на приходите, вели хуманитарната организација.

Oxfam тврди дека извештајот укажува дека системот потфрла.

Како причини за огромниот диспаритет се наведуваат даночната евазија, влијанието на големите компании врз државните и меѓународните политики, кршењето на работничките права и мерките за намалување на трошоците.

Oxfam излегува со слични извештаи во изминативе пет години. Во 2017 година пресмета дека  осумте најбогати луѓе во светот имале исто пари колку и половина од најсиромашните во светот.

Извештајот на Oxfam се поклопи со почетокот на Светскиот економски самит во Давос, Швајцарија каде се собираат најважните политички и бизнис лидери на светот.

Loading...

Related posts