vesti24.mk
МАКЕДОНИЈА

Скандал со Катлановската бања

ECA

Лекари од други земји без дозвола и лиценци лекувале пациенти во Катлановска бања. Ова го утврдиле здравствените инспектори кои извршиле инспекциски надзор на работата на бањата, по пријава на граѓани.

Според неофицијални информации на ТВ24 од министерството за здравство, поради низа нерегуларности во работењето – веќе е издадено е решение со кое се забранува привремено да се примаат пациенти во Катлановска бања за медицинска рехабилитација.
Од државниот здравствен и санитарен инспекторат засега само потврдуваат дека е извршен инспекциски надзор, но повеќе детали најавуваат за утрешниот ден.

Освен здравствените инспектори, работата на Катлановска бања ја чешла и финансиската полиција. Оттаму за ТВ24 велат дека имаат сознанија за неправилности, но повеќе информации не откриваат, бидејќи во моментов се води предистражна постпака.

„Управата за финансиска полиција има сознанија за неправилности и се води предистражна постапка во Катлановска бања. Во интерес на истрагата не би можеле да споделиме подетални информации. Кога ќе се потврдат или отфрлат нашите сознанија ќе ве информираме.“

Граѓаните што ги анкетиравме се пожалија на нехигиенските услови во бањата.

„Идеме често, но условите се катастрофа, значи ништо немаат направено, Каде што паднало таму останало. Јас сум чула дека Спа е добро, а се останато е катастрофа, бањата е да не влезеш внатре.“

Фондот за здравствено осигурување и во 2014-та година откри злоупотреба од страна на бањата. Контролата тогаш покажа дека на пациентите незаконски им биле наплаќани услуги. Екипата на ТВ24 денеска дојде во Катлановска бања со цел да добиеме став и од сопствениците, но ни беше кажано дека тие се надвор од земјава и дека ќе не примат во работен ден.

извор:24.мк

Loading...

Related posts