vesti24.mk
СВЕТ

Скокнаа од хотелот нападнат од терористи и избегнаа масакр (видео)

ECA

Кога талибаните го нападнаа хотелот “Intercontinental” во Кабул, гостите се обидувале да се спасат како што знаат и умеат.

Пет вооружени борци со самоубиствени елеци влегле во хотелот и зедоа странски и авганистански службеници како заложници. Опсадата траеше 13 часа, а загинаа 19 луѓе.

Луѓето кои беа заробени на балконите на повисоките катови врзаа чаршави и така се обидоа да се спуштат на земја. За тоа време, се слушнало пукање, а дел од хотелот бил во пламен.

Камерата сними како двајца мажи успеаја да побегнат од собите исполнети со чад.

-Скокнав од вториот кат, ги повредив грбот и ногата. Бев во несвест околу пет минути, вели еден од преживеаните.

Loading...

Related posts