vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ СПОРТ

Сколари: Нејмар никогаш нема да го достигне Пеле

ECA

Поранешниот бразилски селектор, Луис Фелипе Сколари, во својата последна изјава повторно го коментирал Нејмар и неговиот потенцијал.

Сколари вели дека без разлика на успесите кои ќе ги постигне во кариерата, Нејмар никогаш нема да може да се споредува со легендарниот Пеле.

– Во Бразил сите знаеме кој е Нејмар, а кој Пеле. Нејмар може да игра добро, дури и неверојатно, но никогаш нема да го достигне нивото на Пеле. Пеле нема наследници и нема некој што ќе може да биде споредуван со него, – истакнал Сколари кој сепак има пофални зборови за напредокот на првата бразилска ѕвезда во моментов.

– Додека беше во Барселона, Нејмар многу напредна и речиси е на нивото на Меси и Роналдо. Сепак ова не се постигнува лесно, тој е на вистински пат, но го чека многу работа. Очекувам за една или две години да биде на нивото на Меси и Роналдо, – вели Сколари.

Loading...

Related posts