vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Скопје ќе добие нова населба – Александрија

ECA

„Фабрика Карпош“ ќе гради нова еко-населба наспроти Порта Влае, која ќе го носи името Александрија. Новата населба во Скопје ќе се простира на околу 150 илјади квадратни метри во општината Ѓорче Петров.

– Александрија ќе биде лоцирана само на пет километри од центарот на градот и овој простор веќе има постојна здравствена, трговска и социјална структура – вели Александар Стефанов, член на управниот одбор на „Фабрика Карпош“.

Тој додава дека името на новата населба го дале самите граѓани, кои над 30 пати гласале за ова име.

– „Фабрика Карпош“ го избра името Александрија по предлог на граѓаните, кои над 30 пати го дадоа како предлог – вели Стефанов.

Извор: Нова Македонија

Loading...

Related posts