vesti24.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопскиот аеродром затворен утрово

ECA

Поради густата магла и намалената видливост утрово во неколку часовен прекин е редовниот сообраќај на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Во момнетов слетувањето на авионот на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул за во 8 часот утрово е одложено за два и пол часа, додека полетувањето од Скопје до истанбулскиот аеродром „Ататурк“ е одложено од 8.55 часот за три и пол часа, според интернет страницата на операторот ТАВ.

Засега не се огласени одложувања на други летови од и кон аеродромот.

Според вработени на скопскиот аеродром, се очекуа ситуацијата со редовното функционирање на аеродромот да се нормализира за околу два часа.

Loading...

Related posts