ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Славчо Попоски со најнови анализи – температури повисоки дури за околу 10 степени од нормалните

ECA

Во текот на следните денови под влијание на висок воздушен притисок, односно Антициклон кој е стациониран над североисточна Европа, времето во државава и понатаму ќе биде значително сушно од нормалата за ноември месец, односно ќе имаме сончево и релативно топло време преку ден повремено со умерена локална облачност.

Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени додека максималните дневни ќе бидат и понатаму значително над просекот за овој дел од годината, истите ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу 10тина степени и ќе се искачуваат во интервалот претежно од 14 до 20 степени.

Поради релативно тивкото време во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

НАПОМЕНА: Сушното време многу НЕПОВОЛНО ќе се одрази врз земјоделието што значи земјоделците и понатаму ќе имаат голем проблем поради неповолните временски услови, исто така ваквото време и понатаму ќе создава услови за настинки и вирузи кај граѓаните.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts