vesti24.mk
ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Славчо Попоски со најава – циклонот НЕВЕН ќе донесе снег во поголем дел од државава

ECA

Циклонот НЕВЕН кој неодамна ја зафати државава ќе донесе снег во поголемиот дел од државава и тоа во четврток, токму ова е поради студениот воздух кој е во склоп со овој циклонски систем.

Во четврток очекуваме врнежи претежно од снег во поголемиот дел од државава, на некои места ќе има услови и за појава на замрзнат дожд или пак за дожд кој се смрзнува директно со допирот на тлото па затоа на возачите им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ доколку патуваат, особено да внимаваат и низ планинските превои каде има и тоа какви услови за појава на голомразица.

Снежната покривка на повисоките места и на планините се очекува да се зголеми за 10 до 20 цм, локално и за повеќе додека услови за снежна покривка ќе има и на некои од пониските места.

Инаку утрешното утро а особено утрото во среда ќе биде МНОГУ СТУДЕНО кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени додека на планинските места со поголема надморска височина дури до околу па и под -15 степени.

Максималните дневни температури ќе бидат најниски токму во четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од -3 д0 6 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts