ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА МАКЕДОНИЈА

Славески: Дали е богат тој што има 1.500 евра плата, а нема свој стан?

ECA

Поранешниот министер за финансии, Трајко Славески вечерва на 24 тв изјави дека со новите реформи, властите не го оданочуваат богатството.

Според него, оваа мини реформа ќе има губитници, а нема да има добитници.

Славески смета дека ова нема да ја намали сиромаштијата, туку повеќе е „мерката да се продаде“.

„Дали е богат некој ИТ инженер на меѓународниот пазар на труд? Младите професиналци се наоѓаат на меѓународниот пазар на труд, нив сега најмногу ги казнуваме. Дали е богат тој што има 1.500 евра плата, нема свој стан, нема нива“, вели Славески.

На министерот за финансии, Драган Тевдовски му порача дека сакаат праведно општество, а тоа не го прават. Тевдовски пак рече дека доколку тој би бил во тој 1% граѓани со високи примања, би бил среќен да плати повеќе и да помогне на државата. Како пример наведе дека западните земји имаат прогресивно оданочување.

„Младите се селат во земји со прогресивни даноци. Никој не се иселува каде даноците се пониски, напротив таму има квалитет на живот, здравство, образование“, вели Тевдовски.

Тој рече дека сивата економија многу малку се намалува низ годините.

Поранешниот министер Џевдет Хајредини, вели дека со други мерки треба да се зголеми растот, но и сивата економија.

извор:фактор.мк

Loading...

Related posts