vesti24.mk
ЖИВОТ

Случка која го насмеа интернетот: Клекнал пред девојката да ја запроси, а потоа се случило?

ECA

Кога еден пар ќе се одлучи да има заедничка иднина, важно е и нивните семејства да се сложат со тоа. Но, што доколку таткото на девојката никако не може да го поднесе идниот младоженец?

Кога Леви Блис одлучил да ја запроси својата девојка Алисон Барон, не ни помислувал дека ќе се најде на мета на нејзиниот татко. Парот по две години врска одлучил да стапи во брак, а за самата просидба Леви ја избрал Невада. Но, она што тој не го очекувал е дека во нивниот магичен момент ќе се појави и таткото на Алисон.

Без сомнеж, ова е најсмешната “фото бомба” некогаш направена. Во моментот кога Леви клекнал да ја запроси Алисон, се појавил нејзиниот татко, држејќи натпис на кој пишувало “Кажи НЕ”.

Всушност, тука станува збор за една обична шега. Леви и татко ѝ на Алисон се многу блиски. Тие веќе со години играат тенис, возат велосипеди и поминуваат многу време заедно.

Таткото на Алисон знаел дека Леви ќе ја запроси неговата ќерка, а таа не можела, а да не ги сподели овие смешни фотографии на социјалните мрежи.

Loading...

Related posts