vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Смртта на манекенката на јахта во Грција: Конечно откриено како умрела, а сите ги интересира едно прашање поврзано со милијардерот

ECA

Австралиската манекенка од Инстаграм, 20-годишната Шинејд Мекнамара, која е пронајдена без свест на суперјахтата “Mayan Queen IV”, умрела поради бесење, заклучиле од грчката полиција.

Јахтата била усидрена кај Кефалонија кога се случил фаталниот инцидент. Телото на манекенката денес ќе биде пренесено дома со авион, пет дена откако капетанот на друга јахта го забележал нејзиното тело. Шинејд била член на екипажот на “Mayan Queen IV”, шесткатна луксузна јахта на мексиканскиот рударски магнат Алберто Бајлерес, вредна 190 милиони долари.

Како што пренесува “Daily Mail”, Шинејд ја работела својата последна смена на јахтата додека биле усидрени во Кефалонија, каде и трагично починала. Нејзината мајка и постара ќерка биле во авионот на пат за Грција за да се сретнат со неа и во авионот дознале за нејзината смрт.

View this post on Instagram

The happiest of happy little mountain goats 🐐

A post shared by Salt Bby 💦 (@sineadmcnamara) on

Властите потврдиле дека причина за смртта на Шинејд е бесење, но дека резултатите од дополнителните тестови ќе бидат познати за неколку месеци. Мајката и сестрата на Шинејд биле советувани да не одат во мртовечницата да го видат нејзиното тело.

Не би требало да го видат во толку лоша состојба, рекол тој.

Прво го славеле спасувањето, па плачеле дека умрела

Капетанот на друга луксузна јахта, кој го забележал безживотното тело на Шинејд, раскажал дека се обидел да и го спаси животот. Тој го забележал нејзиното тело во петок во 1.45 часот по полноќ. Капетанот, кој сакал да остане анонимен, ја повикал девојката, но не добил одговор, па почнал да бара помош.

Тој додал дека полициска патрола минала покрај луксузната јахта но дека не го видела нејзиното тело. Откако го предупредил екипажот, лекарот на јахтата се обидел да ја поврати Шинејд во живот, но таа паднала во кома. Со хеликоптер била пренесена во болница во Атина, но младата жена починала за време на летот.

“Прво славевме бидејќи мислевме дека ја спасивме. Подоцна слушнавме дека умрела”, рекол капетанот кој го открил нејзиното тело.

Само две недели пред смртта, Шинејд на Инстаграм објавила необичен пост.

“Главата денес ми е насекаде. Вратете ме таму каде единствената мисла не ми беше отворање на мојот череп”, напишала манекенката.

View this post on Instagram

Living in that fantasy land 🎪

A post shared by Salt Bby 💦 (@sineadmcnamara) on

Шинејд била активна на социјалните мрежи и сакала патувања. Само четири дена пред смртта објавила дека “возела џет-ски во тиркизните води на Медитеранот”.

Додека австралиското министерство за надворешни работи и трговија му понудило поддршка на семејството Мекнамара, семејството и пријателите изразувале сочувство на социјалните мрежи.

Бајлерес молчи во Мексико

Јахтата ја напуштила Кефалонија во понеделникот навечер, по истрагата на локалните власти. Сите 23 членови на екипажот биле на јахтата кога истата испловила.

Сопственикот на јахтата, Алберто Бајлерес, претседател на втората најголема рударска компанија во Мексико, не бил на јахтата за време на смртта на Шинејд. Бајлерес, чиј имот се проценува на 9,6 милијарди долари, се повлекол во семејната вила во Мексико Сити и од петокот не дава изјава за смртта на манекенката. Нема показатели дека тој бил вмешан во нејзината смрт на било кој начин.

Бајлерес, кој ретко се фотографира во јавност, бил на одмор со своето семејство на јахтата и се верува дека минатиот вторник одлетал назад во Мексико. Магнатот, инаку татко на седум деца, се наоѓа на 143-тото место на листата на најбогати луѓе на светот според “Forbes”.

Loading...

Related posts