vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Снег по ураганот во САД: Во Колорадо паднале 30 сантиметри снег

ECA

Поради мразот привремено биле затворени некои главни патишта.

Снежно невреме ги зафатило американските сојузни држави Колорадо и Вајоминг, каде паднале и до 30 сантиметри снег, а температурите во текот на ноќта нагло се спуштиле.

Поради олујата дошло до бројни сообраќајни несреќи, а поради мразот привремено се затворени и некои главни патишта.

Во Денвер паднало околу осум сантиметри снег, а температурата вечерта меѓу саботата и недела паднала од 16 на минус 7 степени Целзиусови, пренела агенцијата “AP”.

Најмногу снег паднало во областа од Болдер во Колорадо до Вајоминг, како и на планината Биртут во Монтанта.

Националната метеоролошка служба соопштила дека во последните 24 часа јужно од Шеридан во Вајоминг паднале 8 до 33 сантиметри снег.

Ширум регионот е објавено предупредување за врнежи од снег.

Привремено се затворени делови од главните автопати во Вајоминг и Колорадо.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts