ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

СЈО бара нов притвор за ексдиректорот на тајната полиција Мијалков за „Империја”

ECA

Специјалното јавно обвинителство бара нов притвор за ексдиректорот на тајната полиција Сашо Мијалков за случајот „Империја”, потврдија неговите адвокати за „Макфакс“.

Мијалков треба да биде изведен пред судија на претходна постапка, кој треба да одлучи дали ќе го прифати предлогот на обвинителката Лиле Стефанова.

Во кривичниот суд моментално има засилено присуство на полицијата. Следната недела во Апелацискиот суд треба да се одржи и јавна седница за притворот на Мијалков за случајот „Таргет-Тврдина“.

 

Loading...

Related posts