БАЛКАН

Со денови го славеле освоениот автомобил на наградна игра со фискални, а на крајот ја дознале вистина

ECA

Возач на автобус од Пријепоље, Србија, Златко Несторовиќ (40), доживеал едно од најнепријатни искуства во својот живот со наградната игра „Земи ја сметката и победи“.

Тој собирал фискални сметки, уредно припремил 10 и ги ставил во коверт за наградната игра, а на него го запишал името на неговиот 11-годишен син за среќа. Тоа и му била клучната грешка.

– Помисливме дека Бог го погледна моето дете кога видвме дека нашиот коверт е извлечен за главната награда. Се почувствувавме многу среќни, бидејќи бевме извлечени меѓу толку многу коверти. Малиот се радуваше до бесвест кога го слушна неговото име. Роднини и пријатели ни доаѓаа на гости и ни честитаа, за подоцна целата радост да ни се сруши кога ни кажаа дека наградата не е наша бидејќи правилото гласело дека не може да учестуваат малолетни лица. Брука и срамота, така да си поигруваат со луѓето, изјавил Златко за локалните медиуми.

Тој имал пратено уште неколку коверти на негово и на име на неговата сопруга, но вели дека не би сакал да биде извлечен затоа што е тотално разочаран од наградната игра.

Loading...

Related posts