ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Собранието го утврди нацртот на амандманот за промена на името на државата

ECA

Со 67 гласа „за“, четири „воздржани“ и 23 „против“ Собанието денеска на продолжението на 64-тата седница го утврди нацртот на амандманот 33 на Уставот на Република Македонија.

Амандманот 33 според владејачкото мнозинство се однесува на името на државата и со него конечно се дефинира името на државата во поширок историски контекст и географската одредница Северна која се додава.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ договорот од Преспа и натаму велат е капитуалнтски и со него нема да завршат проблемите, туку според нив, со договорот само се отвараат нови проблеми затоа што тој ставал крај на Република Македонија. Од друга страна, пак, од БЕСА на денешната собраниска распарава посочија дека тие како опозициска партија го поддржале Преспанскиот договор, за кој ценеле дека е предуслов за нашите стратешки евроатлантски интеграции, иако имале забелешки и сугестии за договорот.

Со првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на „посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија”.

По изгласувањето на 33 амандман, Собранието ја почна расправата по амандманот 34 на Уставот.

Loading...

Related posts