vesti24.mk
СВЕТ

Советник на Ердоган со закани кон Ципрас: Ако стапне на островот Имија ќе му ги скршиме рацете и нозете

ECA

Тензиите за неколку острови во Егејско море, меѓу Грција и Турција продолжуваат да растат.

Советникот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Јигит Булут изјави дека доколку некое официјално лице од Грција, премиерот Алексис Ципрас или било кој министер се обидат да стапнат на островот Имија ќе им бидат скршени рацете и нозете, пишуваат грчките медиуми.

Пред неколку дена на грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, турската флота не му дозволи пристап до спорниот остров.

На зголемените тензии меѓу двете земји членки на НАТО, неодамна предупреди и американскиот амбасадор во Грција.

Loading...

Related posts