vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Специјалци влегоа во фабриката во Москва, напаѓачот приведен

ECA

Специјални единици од националната гарда на Русија извршија упад во кондиторската фабрика во Москва, и го приведоа напаѓачот, кој утрово уби еден човек и рани тројца.

Локалните медиуми наведуваат дека напаѓачот е пронајден и приведен, а од објектот веќе не се слушаат истрели.

Претходно,  портпаролот на руското Министерство за внатрешни работи Јути Титов соопшти дека специјални единици дејствуваат во зградата и оти била покрената операција на чистење. Тој потенцираше дека во фабриката нема заложници.

„Во овој момент, едно лице е убиено, а немаме податоците за повредени“, прецизира Титов.

Поранешниот сопственик на фабриката Илија Аверјанов се забарикадира утрово во фабриката, од каде истрела неколку куршуми, при што уби едно, а повреди три лица. Според дел од медиумите убиениот е поранешен сопственик на фабриката, а според други извори, станува збор за припадник на обезбедувањето.

„Комерсант“ наведува дека фабриката на еден од доверителите му должела околу два милиони евра. Бил склучен пријателски договор, според кој, поранешниот сопственик требало да ја предаде зградата како порамнување на долгот, но тоа не се случило. Аверјанов отворил оган кога пристигнал извршител.

извор:независен.мк

Loading...

Related posts