ЖИВОТ

Сталоне изненади со фотографија од снимањето: “Ова не е Рамбо”

ECA

Силвестер Сталоне ги воодушеви обожавателите со најава дека се припрема за снимањето на новото продолжение од серијалот “Rambo”, но воодушевувањето спласна откако тој објави фотографии од снимањето.

Имено, се чини дека во новото продолжение легендарниот Рамбо ќе стане каубој. Сталоне на својот Инстаграм профил објавил фотографија на која позира облечен како каубој со шешир на главата.

View this post on Instagram

Tonight we start filming…!

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone) on

“Вечерва почнуваме со снимање”, најавил актерот во описот покрај фотографијата. На втората фотографија, Силвестер јава коњ облечен во кожен капут.

И додека некои обожаватели напишале како едвај го чекаат филмот, други биле разочарани од ваквиот развој на настаните.

“Рамбо каубој?!”, “Зарем Рамбо стана шериф?”, “Доли Партон би била горда”, “Ова не е Рамбо” се само дел од коментарите кои се појавиле на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

… Comes a Horseman Wild and Free. @rambomovie #rambo5

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone) on

Некои дури нашле и замерка за кратката фризура бидејќи долгата фризура му е заштитен знак на Рамбо. “Те молам кажи ми дека ќе имаш долга коса, Рамбо не може без тоа”, “Коса?”, “Рамбо мора да има долга коса”, порачале обожавателите.

Сталоне уште во мај потврдил дека ќе снима петто продолжение од серијалот за славниот ветеран, а филмот се очекува да се појави во кино салите наесен идната година.

Loading...

Related posts