vesti24.mk
МАКЕДОНИЈА

Стипендии од Фулбрајт програмата за академската 2019-2020 година

ECA

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за учество во Фулбрајт студентската програма, наменета за визитинг студенти – истражувачи и магистерски студии во Соединетите Американски Држави, за академската 2019 – 2020 година.

Квалификувани за да се пријават се кандидатите кои завршиле високо образование, или се запишани на постдипломски студии. Тие треба да се граѓани на Република Македонија и да имаат познавање на англискиот јазик, доволно за да може да студираат или истражуваат во САД.

Сите подетални информации во врска со процесот на пријавување и фазите на селекција во оваа заедничка студентска програма на владите на САД и Република Македонија, се достапни на https://mk.usembassy.gov/fulbright-student-competition-2019-2020-academic-year-now-open/  и www.mon.gov.mk.

Крајниот рок за пријавување е 31 мај 2018 година.извор:универзитети.мк

Loading...

Related posts