vesti24.mk
СВЕТ

Столтенберг: НАТО протера седум руски дипломати

ECA

НАТО протера седум дипломати од руската мисија во Алијансата по нападот со нервен отров што се случи месецов во Британија, соопшти генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На прес-конференцијата во Брисел тој рече дека Алијансата исто така одбила три нови акредитации, со што руската мисија се намалува од 30 на 20 лица.

„Сметам дека Русија го потцени единството на НАТО сојузниците“, додаде тој.

Според Столтенберг, протерувањето на руските дипломати од земјите членки на западниот воен сојуз треба да и покаже на Москва дека нејзиното однесување од Кримскиот полуостров до Украина „има своја цена“.

Овој потег на НАТО следува откако владите на 22 земји во светот протераа најмалку 116 руски дипломати поради труењето на агентот Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија на четврти март. Москва го обвини Вашингтон дека врши притисок врз сојузници да протераат дипломати и најави одговор на таквите потези.


Loading...

Related posts